Ландо Норис е среќен што си докажал на себе си дека не е во право, откако имал првични сомнежи околу тоа дали ќе биде конкурентен во неговата дебитантска сезона. Младиот британец ги импресионираше сите во неговата прва сезона со Мекларен и се пласираше на 11то место во генералниот пласман, само 3 поени позади Серхио Перез од Рејсинг Поинт, откако го порази мексиканецот во Абу Даби.
Британецот освои 47 поени помалку од својот тимски колега, Карлос Саинз, но изгуби голем број на поени поради проблеми со издржливоста, особено забележливо кога се откажа во последниот круг од Белгиското Гранд При, додека се возеше на 5то место. Во однос на квалификациите, тој беше подобар од Саинз, со 11-10.
Мислам дека може да бидам многу среќен со целата сезона и како помина истата, од моја гледна точка и од гледна точка на тимот.
На почетокот, не бев многу самоуверен како ќе возам, така што среќен сум што си докажав дека не сум бил во право и што завршив добра работа и ја зголемив својата самодоверба и се подобрив како возач.
Многу сум среќен поради тоа. Имав неколку добри резултати. Сеуште има многу работи кои мора да ги подобрам, но севкупно сум многу среќен – објасни ландо.
Запрашан каков сомнеж имал пред почетокот на сезоната, Норис одговори:
Дали ќе бидам доволно добар, толку е едноставно.
Не знаев дали ќе бидам доволно брз против возач кој поминал четири години во спортот, како и против сите возачи во Формула 1, не знаев дали ќе завршам доволно добра работа секој пат.
Едноставно не верував во себе многу, но веќе по Австралија и Бахреин, имав доволно самодоверба. Едноставно не знаев дали ќе може да ги следам останатите – изјави Норис.