О’Вард бара влез во Ф1 за две години

Пато О’Вард верува дека има најмногу две години да мине во Форула 1 и ќе направи се што може за тоа да се случи по неговиот тест кој го доби со Мекларен во Абу Даби.

Индикар возачот на Ероу Мекларен СП учествуваше на тестот за млади возачи во Абу Даби во Вторник како награда за победата која ја постигна во американската тркачка серија годинава од страна на Зек Браун. Американецот комплетираше 92 кругови со МЦЛ35М на Јас Марина и изјави дека се навлекол на болидот.

Тој смета дека по тестот има само две години во кои треба да направи се што може за да дојде до Формула 1, свесен е дека ќе биде тешко, но решен е да дојде до врвната моторспорт тркачка серија.

да бидам многу искрен, веројатно има најмногу две години за мене да дојдам до формула 1, нема повеќе. ќе направам се што можам за тоа да се случи затоа што тука се најдобрите, а мојот сон цел живот и да се тркам со најдобрите, тоест во формула 1.

до сега се тркав во серии на издржливост и во индикар, но секако дека сонот е формула 1 и ќе лажам ако кажам дека се не е насочено кон тоа. ќе направам се што можам, ќе притискам колку што можам повеќе и ќе дадам се што имам. морам да се обидам затоа што ако не дадам се од себе е ми биде криво цел живот – посочи пато.

Иако крајна цел му е место во Формула 1, О’Вард е свесен дека има уште екори кои треба да ги направи за да ја оствари целта.

мислам дека првиот чекор беше одличен. ќе се вратам во индикар и ќе почнам да се подготвувам за почетокот на сезоната и за победи на некои трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ