О’Вард се исплашил по првичните проблеми

Пато О’Вард откри дека се плашел дека ќе ја пропушти петочната тренинг сесија која ја добир од Мекларен откако имаше проблеми по самиот почеток на истата.

О’Вард го пополни вториот петочен тренинг наменет за дебитанти во Вилијамс откако првиот во Америка го одработе Алекс Палу.

На почетокот од 60те минути по Јас Марин, тој преку радиото пријави дека има проблем со МЦЛ36 болидот по што му беше кажано да се врати во гаражата и тоа да го стори само во втора брзина. Но, се врати на патеката многу кусо потоа и комплетираше 22 кругови со 18то набрзо време.

По сесијата, мексиканецот откри се се исплашил дека нема да добие шанса да се врати на патеката.

во моментот кога имав дефект се обидував да се осигураме дека ќе имам добра комуникација со тимот и дека точно ќе им кажам што е проблемот затоа што болидот многу агресивно потскокнуваше. немам многу искуство и поради тоа не знам што значеше таквото однесување, мислам дека ни тимот не знаеше и поради тоа влегов во гаражата и само го ресетираа системот што мислам дека помогна.

сеуште не знам што се случи, претпоставувам нешто со електрониката, можеби некој сензор. многу ми олесна кога ми кажаа многу скоро да се вратам на патеката затоа што бев многу возбуден што ќе одработам официјална тренинг сесија на гранд при викенд – откри пато.

Мексиканецот учествуваше на ланскиот пост-сезонски тест и возеше Мекларен кога се пожаи дека вратот многу му страдал. Овој пат 23-годишникот добро физички се подготвил за да нема исти проблеми.

толку многу го вежбав вратот, немате поима колку време посветив. јас секогаш многу време посветувам на физичката подготвеност затоа што не сакам тоа да ме огранични на никој начин, но кога прв пат влегов во формула 1 болид, не знаев што да очекувам.

мојот врат откажа по доста кругови лани, но овој пат не беше така, одлично се носев.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ