Од Ауди демантираат дека го сакаат Кубица за ДТМ

Шефот на ДТМ програмата на Ауди, Дитер Гас, ги демантираше пишувањата кои го поврзуваат полскиот возач со место во тимот.

со роберт кубица не се водат никакви преговори во врска со место во фабричката екипа кај нас – изјави гас за Motorsport-Magazin.

Германците пишуваат дека доколку се ослободи место во фабричката екипа на Ауди, најсериозни кандидати за пополнување на истото се Џонатан Абердеин или Пиетро Фитипалди, возачи кои годинава возат за WRT, муштеријата на Ауди. Поради тоа, за Кубица нема место во тимот.

секогаш размислуваме на возачите, но во моментов сме фокусирани на крајот од оваа сезона. јасно е дека природно роберт кубица е интересно име, но многу е рано за тоа – изјави винсент восе, шефот на WRT.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ