Окон: Возачите ќе научат од хаосот на Муџело

Естебан Окон смета дека Формула 1 возачите ќе научат лекција од сударот кој се случи при рестартот со безбедносно возило на Тосканското Гранд При.

Возачот на Рено беше еден од 12те возачи кој доби предупредување од ФИА по инцидентот во кој Карлос Саинз, Кевин Магнусен, Антонио Џиовинаци и Николас Латифи беа елиминирани од трката.

Го погледнав видеото неколку пати. Очигледно светлата на безбедносното возило беа исклучени многу подоцна од тоа што бевме навикнати. Од каде што бев јас, бев известен дека возилото ќе ја напушти патеката во тој круг, Но возачите сеуште возеа како да имаме уште еден круг и си помислив дека има недоразбирање помеѓу мене и тимот.

Но, немаше уште еден круг. Останавме многу долго под ниска брзина. Очигледно имаше кратко забрзување, од позадината, бидејќи тие се обидуваа да надоместат. Беше како сообраќаен метеж. 

Да, сите бевме изненадени, позади мене исто. Имав среќа да не ме удрат од позади. Но некои од нив немаа среќа, за жал – опиша французинот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ