Окон: Гасли во Алпин е прекрасна приказна

Естебан Окон изјави дека доаѓањето во Алпин на неговиот пријател од детството, Пјер Гасли, е одлична приказна за следната сезона.

Тандемот нема добар однос последните неколку години, но Окон инсистира дека може да работат заедно и да донесат напредок во екипата и покрај недоразбирањата кои ги имаа во минатото. Есебан посочи дека фокусот треба да биде на начинот на кој тие двајца пораснале заедно и на фактот шео ќе возат за бренд кој потекнува од истиот регион како и тие.

секако дека ќе работиме одлично заедно и да бидам искрен, ќе биде одлична приказна за раскажување. почнавме во картинг заедно, имам спомени од нашите фантазии како деца.

потоа по малку се загубивме, тој возеше во различни серии, возеше во јапонија, јас останав во европа, различни екипи, различни временски зони. сепак, сигурен сум дека одлично ќе соработуваме. убаво е што сите сме од нормандија, пјер, јас, но и брендот.

ако успееме да го однесеме тимот на врвот, ќе биде една голема победа за нормандија, ќе биде навистина многу посебно.

мислам дека ќе направиме одлични работи, а минимумот е секако да одработиме совршено за тимот, но сигурен сум дека ќе биде и многу повеќе од тоа. секогаш сакате да го победите вашиот колега во формула 1, исто е секаде – посочи окон.

Естебан откри дека веќе имал шанса да позборува со својот другар Пјер откако тој потпиша за екипата.

разговаравме, имавме фотосесија заедно, неколку интервјуа, минавме време во разговор и знаеме дека следува забва.

не сум фокусиран на тоа што подолго сум во алпин и имам предност поради тоа затоа што за мене најважно е да ја работам работата за која сум платен одлично, а тоа тоа е развојот.

сега работите стојат така што фернандо го кажува своето мислење, јас моето и работиме заедно да го подобриме пакетот заедно. секако дека догодина јас ќе имам повеќе искуство и ќе знам како стојат работите, но исто така важно е и пјер многу брзо да се запонае и прилагоди на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ