Окон гледа продолжување на лошата серија на Имола

Возачот на фабричкиот тим на Рено, Естебан Окон, изјави дека серија на проблеми ја уништиле неговата трка за Големата награда на Емилија Ромања на Имола што е трета незавршена трка за него во последните пет тркачки викенди. 

Французинот е во сенка на Даниел Рикардо кој заврши на подиумот по втор пат за три трки. Окон можеше да најде утеха во борбата на Рено за трета позиција зад Мерцедес и Ред Бул и сега тимот е на само еден поен пред Мекларен и Рејсинг Поинт. 

Имав тежок викенд. Мислам дека неколку проблеми и лоши квалификации ми ја уништија трката. Прв проблем беше што ми летна дел од сопирачките, подоцна имав проблем со спојката и на крај преносот се скрши – разочаран е французинот.

Окон требаше да му помогне на тимот да оди напред кај конструкторите. но не успеа да донесе поени. Наредната година негов колега ќе биде Фернандо Алонсо кој беше на Имола и го гледаше тимот, додека Рикардо оди во Мекларен. 

Навистина сум среќен со подиумот на Даниел. Одлично е што може да се види силата на тимот и тоа е позитивно.

Очигледно не можам да помогнам во моментов, Но среќен сум што се бориме за трето место и тоа е добро. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ