Окон очекува тешка трка во Сингапур

Возачот на Алпин, Естебан Окон изјави дека очекува луда трка во Сингапур поради природата на патеката каде ќе има многу судари. 

Ова ќе биде прва трка на Марина Беј од 2019 година бидејќи последните две беа откажани поради пандемијата. 

Го сакам Сингапур, но патеката не ми е омилена. Таму сме како на картинг и мислам дека ќе биде доста тешко. Патеката е доста нерамна, Мислев дека во Канада е лошо, но тука ќе биде полошо. Тоа не е добро и мислам дека ќе биде голем предизвик за сите нас. Нема да е забавно, Но тука сме за предизивкот. Ќе треба добро да се конфигурира болидот – свесен е французинот.

Окон ќе ја започне својата 106та трка додека неговиот колега, Фернандо Алонсо, својата 350та, со што поставува нов рекорд. Споредено со нив, патеката ќе биде новина за Џорџџ Расел од Мерцедес. 

На хартија, Сингапур треба да ни одговара, Но на уличните трки не поминавме добро. Не знам зошто тоа се случува. Ќе дадеме се од себе да го средиме болидот и сигурен сум дека ќе се движиме во вистинска насока – оптимист е младиот британец од мерцедес.

Техничкиот директор Мајк Елиот се согласи дека оваа патека може да им одговара. 

Кога гледаме во тоа што го сработивме до сега, очекуваме да имаме темпо како на Зандворт или Будимпешта. Патеката е нерамна и е предизивк за нас. Во однос на свиоците, мислам дека ќе ни одговараат. Ќе се потрудиме да извадиме максимум. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ