Окон разговарал со Хакинен пред стартот на трката

Естебан Окон постигна двојно претекнување во Спа, такво што привлече споредби со еден од најпознатите потези во историјата на Формула 1 помеѓу Мика Хакинен, Михаел Шумахер и Рикардо Зонта.

Естебан Окон призна дека разговарал со Мика Хакинен пред да направи идентична копија од познатото претекнување на финецот. За време на 35от круг во Спа, Окон, кој стартуваше на 16то место поради грид казна, се најде зад Себастијан Фетел и Пјер Гасли по Кемел правецот до свиокот 5. Двајцата француски возачи притискаа покрај Фетел од двете страни, а Окон излезе напред за на крај да финишира на силното седмо место.

Престигнувањето беше слично на двојниот потег на светскиот шампион Хакинен на Белгиското ГП во 2000 година на истиот дел од патеката каде што го измами Михаел Шумахер користејќи го заостанатиот Рикардо Зонта, а на крај победи во трката. По трката, Окон призна дека всушност разговарал со Хакинен пред стартот на трката.

Алпин уживаа силно темпо на правците во текот на сезоната во 2022 година, што му помогна на Окон. По трката, тој призна дека случајно разговарал со Хакинен пред трката и за неговото престигнување.

Мика дојде да разговора со мене пред трката, па тоа е добра случајност.

Дефинитивно беше забавно, уживав во денешното тркање, болидот беше екстремно брз на правците, а јас одлучив кога да претекнам.

Од каде што почнавме, мислам дека 16то или 17то место, очекувавме еден бод.

Разговарав со Себ и му реков дека детекцијата на ДРС е во таа точка и тој го помина Пјер прерано и не доби ДРС.

Оттаму малку го пуштив гасот зад нив за потоа да можам да ја користам брзината на правецот.

Можев да одам на левата страна, Себ беше многу фер, искрено, можеше малку да се затвори лево, но не го стори тоа и успеав да ги заобиколам од надворешната страна на свиокот 5.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ