Олимписките игри клучни за трката во Јапонија

Стефано Доменикали откри дека Олимписките игри во Токио се клучни за одржување на Големата награда на Јапонија оваа година. 

Доколку се одржат Олимписките игри кои се закажани за 23 Јули, тоа може да помогне за одржување на трката на Сузука која е закажана за 3 Октомври. Со откажувањето на настанот во Сингапур, ќе требаше да се одржат три последователни трки со Русија и Јапонија. 

Календарот по трет пат се променува и повторно се очекува промена за трката во Австралија која треба да се одржи на 21 Ноември. 

Не е лесно, но мора да превземеме акција во зависност од развојот на настаните. Не е дека веднаш може да најдеме замена за Сингапур доколку Јапонија не се одржи.

За Јапонија ќе знаеме по олимпијадата. За Австралија ќе имаме вести на крајот на месецот. Правиме различни комбинации за да имаме добар предизвик – најави доменикали.

Покрај кинески Шангај, патеки кои може да ги заменат Сингапур и Јапонија се Истанбул, Индианаполис и втора трка во Остин. Стефано сеуште цели на 23 трки иако минатата година имаше одлична сезона со само 17 трки. 

Сакаме да го одржиме ветувањето и да одржиме 23 трки, но ќе видиме како ќе биде ситуацијата. Таа е доста комплицирана, но не се откажуваме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ