Организаторите во Австралија ќе враќаат пари на фановите

Австралиската Гранд При Корпорација која е организатор на Големата награда на земјата ќе работи заедно со оние кои купиле карти за овогодинешниот настан на Алберт Парк за да истите си ги добијат своите пари назад по откажување на трката утрово.

Илјадници фанови гладни за трка нема да имаат можност да го гледаат отворањето на оваа сезона на Алберт Парк откако пандемијата на корона вирус го откажа настанот, а промотерите веднаш најавија дека оние кои платиле ќе си ги добијат парите назад.

она што сакам да им го кажам на фановите е дека ќе работиме заедно со нив за да им ги вратиме парите кои ги платиле за картите. комуницираме со нив и тажни сме што годинава не им овозможивме трка – објасни главниот извршен директор на настанот, ендру вестакот.

Емотивниот шеф на настанот исто така изјави жалење и за бизнисот во целост и за оние кои работеле на организација на настанот.

не се само фановите, туку жалот и разочарувањето е што имаме над 600 соработници и 12.000 персонал кој работеа на настанот викендов, нашите 180 вработени како исите од  формула 1 семејството.

Поради откажаната трка, парите на фановите се враќаат, а оние кои работеле во организација на настанот секако дека ќе мора да си ги добијат парите за сработеното. Тоа ги остава организаторите со голем финансиски проблем, а Вестакот најави преговори со компаниите за да се преброди тешката состојба.

вакво откажување на настан носи големи последици, а некои од нив се договорни и финансиски. ќе работиме на нив со сопственикот на комерцијалните права во следниот период и ќе се осигураме дека се е испочитувано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ