Организаторите на Монца сметаат дека трката е сигурна

Претседателот на Италијанскиот автомобилски клуб (АЦИ) се надева дека трката за Големата награда на Италија на Монца ќе се одржи во Септември, согласно првичниот календар на спортот.

Земјата во моментов ја зафати најлошиот дел од пандемијата со корона вирусот, но сепак Анџело Стичи Дамиани смета дека доаѓаат подобри времиња.

Мислам и се надевам дека трката во Монца ќе се случи во безбедни времиња. Планираме да започнеме со Азербејџан во јуни и да има повеќе трки во месецот, подоцна во јули и август да се одржат одложените трки. На крајот на месецот одиме во Белгија и подоцна кај нас.

Во оваа ситуација датумот на трката не е ризичен поради одложените трки бидејќи на нив им треба датум и можност за сите тимови да патуваат за кои е потребна логистика. кај нас има доста оптимизам.

Мислам дека монца ќе го земе своето место на календарот без одложувања со доста публика. Луѓето по карантинот ќе сакаат да го слушнат звукот на моторите. Мислам дека тоа ќе се случи на Монца – најави дамиани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ