ОФИЦИЈАЛНО: Аиткен стана резервист во Вилијамс

Џек Аиткен официјално е потврден како резервен возач на тимот на Вилијамс, а згора на тоа ќе добие и петочни тренинг сесии во текот на оваа тркачка сезона.

Откако вчера беше потврдено дека младиот возач ја напушта својата улога во Рено по долгогодишна поврзаност со брендот, тој официјализираше соработка со славниот британски тим.

Како дел од договорот, тој ќе присуствува на Гранд При трките со тимот и ќе работи со инженерите, но ќе учествува и на една петочна тренинг сесија и често ќе работи во симулаторот на тимот.

голема чест е што ќе станам дел од тимот на вилијамс како нивни резервен возач за 2020 година. тие се екипа со силно наследство и традиција и нетрпелив сум да напредувам и да придонесам во нивниот развој преку мојата работа во симулаторот и преку тестирањето – изјави возбудениот аиткен.

Заменик тимскиот шеф, Клер Вилијамс, на ова додаде:

од тоа што џек постигна до сега јасно е дека тој е млад возач со одлична кариера пред себе, а ние веруваме дека ги има вистинските работи да стигне до врвот на спортот. џек се докажа во формула 2 и во гп3 претходно и нетрпеливи сме да видиме што ќе постигне како официјален тест возач на екипата.

Аиткен е јуниор на Рено од 2016 година по титулата во Формула Рено Еурокуп претходната сезона. Таа 2016 година финишираше на 5то место во ГП3 како возач на Арден, а потоа мина во АРТ каде возеше крај Џорџ Расел и заврши зад него во поредокот во годината во која британецот го освои насловот.

Во 2018 година Џек заврши на 11то место во Формула 2 возејќи за АРТ, повторно беше колега со Расел кој повторно освои титула.

Минатата сезона ја мина во Кампос во Формула 2 и им помогна да напредуваат, а самиот тој стигна до 5то место сотри победи и четири подиуми.

Како развојни возачи во Гроув веќе се ангажирани Дан Тиктум и Џејми Чандвик, а официјален тест возач е и Рој Нисани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ