ОФИЦИЈАЛНО: Верлејн во Формула Е за Махиндра

Махиндра Рејсинг успешно ги завршиле преговорите со поранешниот ДТМ првак, поранешниот Формула 1 возач на Заубер и поранешниот Формула 1 тест возач на Мерцедес, Паскал Верлејн. Германецот следната година ќе учествува во 5та сезона на електричната Формула Е серија. Партнер на Паскал ќе му биде исто така порашениот Формула 1 возач, Џером д`Амбросио.

Среќен сум што ќе се приклучам на Махиндра Рејсинг. Тоа е мала екипа, но со големи амбиции исто како и јас. Сакам да постигнам колку што можам подобри резултати и имам чувство дека екипата е вистинско место за мене. Нетрпелив сум за почеток на сезоната каде ќе дадам се од себе – изјави Верлејн.

Германецот годинава се надеваше дека ќе обезбеди Формула 1 кокпит за себе следната година, дури и одби понуда од HWA за да се фокусира на врвот на моторспортот, по што HWA  го земаа Стофел Вандорн кај себе.

Откако излезе веста дека Џорџ Расел ќе стане дел од Вилијамс догодина, тоа значеше дека повеќе нема за 23-годишникот да се врати во Формула 1, по што тој реши да ја промени серијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ