Пад на ТВ гледаноста во Британија

Новиот договор за пренос на Формула 1 кој го има Sky Sports со врвната моторспорт тркачка серија донесе пад во гледаноста на спортот од дури 8,6 милиони гледачи минатата година, пренесува реномираниот британски the Independent.

Sky договорија продолжување на договорот уште со Берни Еклстон, договор според кој ќе мора да плаќаат по 120 милиони фунти годишно, Формула 1 се збогатува, но гледачите се намалуваат. Тие имаат право на ексклузивен пренос на сите трки, освен ан Британското Гранд При кое го пренесуваат и Channel 4. Спроед тоа, гледање на Формула 1 во Велика Британија бара активација на платени канали односно на Sky Sports F1.

Истраувањето направено од Broadcasters’ Audience Research Board (Barb), организација сосптвеност на шест телевизии меѓу кои и Sky и Channel 4 откри алармантен пад на гледаноста на најинтересните моменти од трките кои ги прикажува Channel 4 од вкупно 10,8 милиони гледачи споредено со 2018 година.

Вкупниот пад сепак е 13,6% односно вкупно 54,8 милиони гледачи и тоа благодарение што помалата гледаност на Channel 4 е компензирана со пораст од 2,2 милиони гледачи на Скѕ.

Channel 4 имаше нов термин со централно место за најинтересните моменти од трките кои смеат да ги прикажуваат и тоа требаше да донесе пораст во гледаност, но наместо тоа единствено трките во Јапонија и Франција имаа поголем број на гледачи одошто лани, но за волја на вистината, трката на Пол Рикар беше најздодевна годинава.

Големата награда на Америка прибвлече најмногу гледачи ан Channel 4, дури 2 милиони.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ