Канал 4 продолжува со снимки од Ф1 трките

Минатата недела беше објавено дека британски Скај Спорт Ф1 ќе продолжи да работи пренос во живо на трките од Формула 1 до 2029 година во Велика Британија, а истото ќе го прави и за Италија и Германија. 

Беше потврдено дека секоја домашна трка на Силверстон ќе биде бесплатно емитувана но немаше информација за плановите на бесплатниот Канал 4. Од 2019 година, најдобрите моменти од квалификациите и трките се емитуваат покрај трката во Британија. 

Но сега е објавено дека Канал 4 го продолжиле договорот. 

Ова се фантастични вести за моторспорт фановите кои ќе продолжат со гледање на акцијата од Формула 1 и наредната сезона како дел од новиот договор со Скај. Нашиот партнер прикажа фантастични моменти за фановите. Финалето во Формула 1 во Абу Даби беше неверојатно – изјави Алекс Махон од Канал 4. 

Стивен ван Ројен кој е извршен заменик претседател и извршен директор на Скај Велика Британија и Европа додаде: 

Ја подржуваме британската културна економија преку телевизија, филм, новинарство и спортски настани. Заедно со Канал 4 ќе им дадеме на фановите дополнителни содржини од наредната сезона. 

Според Формула 1, ТВ публиката во Велика Британија пораснала за 39%само  минатата година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ