Скај се извинија за рекламата со Верстапен

Скај Спортс официјално се извинија на ривалите за титула, Макс Верстапен и Луис Хаилтон за контроверзната реклама на нивниот Формула 1 канал во Британија.

Ред Бул беа особено вознемирени од ркламата која покажа забавена снимка од сударот при огромна брзина кој Макс Верстапен го имаше на Силверстон откако претходно имаше контакт со Луис Хамилтон. Холанѓанецот удри во оградата со силина од 51Г и беше пренесен во болница на проверки.

Самиот удар во бариерата не беше прикажан, токму во тој момент болидот го сменува и се појавува порака “Среќен Божиќ“.

судар со силина од 51г каде возачот потоа со хеликоптер е пренесен во болни е многу лош вкус за посакување на среќен божиќ на гледачите – незадоволни беа од ред бул.

Скај Спортс Ф1 го искористи својот Твитер профил да им се извини на двајцата возачи за предизвиканите непријатности, откако освен сударот на Силверстон, пуштија и видео со сударот од Монца.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ