Перез и Жу со казни поради промена на мотор

Серхио Перез од Ред Бул и Жу Гуанју од Алфа Ромео, ќе добијат казни во пресрет на стартот на трката поради промена на моторите пред вториот тренинг. 

Тие ќе го користат својот петти мотор со внатрешно согорување што им носи пет места казна на гридот. Перез ќе се обиде да ја освои втората позиција во шампионатот и се бори со Шарл Леклер откако неговиот колега Макс Верстапен ја освои титулата во Јапонија. 

Сакам да го искористам моментот со неколку добри трки, Но тоа не значи ништо. Мора да се докажувам секој викенд до крајот. Имаме силен болид и сакам добар резултат пред домашната трка во Мексико – посочи чеко.

Ред Бул се на прагот да ја освојат првата титула кај конструкторите од 2013 година, а Перез го пофали тимот дека ова е одлична сезона за него. 

Мислам дека завршивме одлична работа во текот на сезоната и тоа се исплатеше. 

Замената кај Жу е проблем за Алфа Ромео бидејќи се борат за 6та позиција кај конструкторите. Тимот освои само еден поен на последните девет тркии и е пред Астон Мартин со седум поени. Расел и Албон ќе заменат менувач но без казна. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ