Перез: Немам ништо против Себ

Серхио Перез нема место во Формула 1 за наредната година откако Рејсинг Поинт одлучија да ја прекинат соработката со него и да го донесат Себастијан Фетел во тимот за следната година.

Тој и покрај се нема лоша мисла за неговото време поминато во тимот откако дојде во 2014 година, а пред трката во Сочи тој за новинарите изјави:

Има некои контакти со неколку тимови и разговори. Мислам дека следната недела ќе знам дали имам реална шанса, Но тоа ќе го задржиме меѓу мене и тимовите. Секој заслужува почит бидејќи имаат моментални возачи – објасни мексиканецот.

Тој изјави дека нема да остане во Формула 1 само за да биде дел од спортот без никакви шанси за нешто позначително. 

Потребна ми е мотивација за да продолжам и да давам 100 проценти во секој круг. Мора да се осигурам дека проектот ќе ме мотивира. Доколку не е така нема да продолжам. 

Перез имаше опција да продлжи со тимот, но со носењето на Фетел таа опција ја снема. 

Немам ништо против Себ, тој е одличен човек и возач и мислам дека доаѓа во фантастичен тим кој растеше и стана силен. Очигледно не е ова тоа што го сакам, Но кога си долго во бизнисот ќе ги сфатиш одлуките. Нема повредени чувства и знам дека Не е ништо лично. Продолжувам напред и среќен сум со тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ