Перез објасни како се судриле со Окон

Иако Серхио Перез имаше втор тренинг без проблеми, сепак тој имаше судар со поранешниот колега Естебан Окон на првиот тренинг, но и покрај тоа, тој е задоволен од темпото на Ред Бул. 

Двајцата поранешни колеги се судрија на првиот тренинг и тоа се случило поради проблемот кој се појави на патеката со комункацијата помеѓу тимовите и возачите. 

Формула 1 имаше технички проблем со преносот и тимовите загубија комуникација со нивните возачи. Перез смета дека тоа било проблемот поради што двајцата поранешни колеги се судрија во шиканата Вилнев. 

Бидејќи немавме радио комуникација со тимовите, дојде до инцидентот ова утро – вели мексиканецот.

Серхио беше задоволен со втората сесија каде заврши на шеста позиција со извозени 25 кругови. 

Дефинитивно извозев доволен број на кругови на втората сесија и болидот е одличен. Патеката е различна од Бахреин и мора да го научам болидот како се однесува на различни патеки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ