Перез: Победата во Баку не менува ништо

Серхио Перез стигна на шест поени од водечкиот Макс Верстапен со победата на Големата Награда на Азербејџан.

Перез верува дека неговата победа низ улиците на Баку не менува ништо во неговата потрага по светскиот шампионат во Формула 1.

Перез ја оствари својата втора победа сезонава во Баку, која заедно со неговата спринтерска победа во саботата, ја намали негативата од тимскиот колега Макс Верстапен на само шест поени. Со оглед на големата предност во темпото што РБ19 ја ужива во однос на остатокот од гридот, се очекува Верстапен или Перез да бидат крунисани за шампион, но мексиканецот го минимизираше значењето на резултатот во Азербејџан.

Па, тоа навистина не менува ништо да бидам искрен – изјави Перез.

Жалам само за проблемите што ги имавме во Мелбурн што навистина не натераа да изгубиме многу поени, но освен тоа, треба да победиме на трките кога можеме, а кога не сме во можност, треба да освоиме што е можно повеќе поени.

Затоа што, ако не го направиме тоа, тогаш нема шанси да се бориме за шампионската титула. Има многу трки, многу различни моменти, но мораме да се погрижиме кога можеме да победиме на трка, да ја зграбиме со двете раце.

Победата на Перез, шеста во неговата кариера во Формула 1, беше како резултат на среќно безбедносно возило, кое се појави откако Верстапен влезе во бокс. Актуелниот првак го загуби целото време зад безбедносното возило, додека Перез, кој штотуку требаше да влезе во ДРС на неговиот тимски колега, можеше да влезе зад него и да изгуби само 11 секунди од времето на трката. И самиот Чеко призна дека имал среќа.

Беше клучно да го престигнам Шарл Леклер, знаев дека е навистина важно да не изгубам премногу време со Шарл, бидејќи ако изгубам премногу време, тогаш ќе биде навистина тешко да го стигнам Макс.

За среќа, успеав да поминам само еден круг зад Шарл и штом успеав да го претекнам, круг по круг, влегов во ДРС зад Макс и тоа навистина ја направи мојата трка. Но безбедносното возило дефинитивно беше среќно за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ