Перез чувствува дека новиот болид има потенцијал

Серхио Перез остана со позитивно чувство за новиот РБ16Б болид кој го провозе на Силверстон во Среда, еден ден откако тимот официјално го прикажа.

Мексиканецот возеше и во Вторник, но беше во кокпитот на РБ15 од 2019 година, додека следниот ден го делеше новиот пакет со Макс Верстапен откако екипата од Милтон Кинс одбра да користи ден за снимање.

гледам дека пакетот има голем потенцијал и задоволен сум за напредокот во однос на рб15 кој го возев претходниот ден и имам добра претстава што е променето.

влегувањето во болидот кој ќе го возам годинава беше неверојатно и чувствувам дека има огроен напредок во однос на грипот при секаква брзина. не возев многу, но потенцијалот со кој располага пакетот е очигледен – најави перез.

Екипите се подготвуваат за тридневниот тест на Шаир на средина од следниот месец во кој секој возач ќе добие по еден цел ден и половина од следниот за привикнување на “машината“.

треба време за целосно да стекнам верба во болиодот и очекувам да правам промени првите неколку трки за да се прилагодам на болидот. морам да кажам дека имам голем напредок со прилагодувањето, седиштето го порменивме и добро сум сместен.

секогаш правиме нешто поинаку, тоа во моментов е приоритет, да ми биде удобно за кога ќе стигнеме во бахреин целосно да се посветам на работата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ