Петте најдобри шари на Ред Бул

Ред Бул одлучија заедно со сестринскиот АлфаТаури да ги префарбаат болидите доминантно во бела боја за Турското Гранд При и на тој начин да ја обележат последната заедничка сезона во Формула 1.

Тимот од Милтон Кинс често во минатото знаел поради некој настан да го офарба својот болид во различни шари за некоја трка, а во продолжение се петте нивни најнтересни обиди од таков вид.

МОНАКО 2005: Star Wars

Во текот на својата дебитантска Формула 1 сезона, Ред Бул го префарбаа својот болид во чест на премиерата на Star Wars Episode III: Revenge of the Sith. Болидот изобилуваше со пламени и логоа на Star Wars, а низ целиот болид доминираше натписот Powered by the Dark Side. Chewbacca и Darth Vadar секако дека се појавија во гаражата на тимот.

 © Red Bull Content Pool / Getty Images

МОНАКО 2006: Superman

Следната година Ред Бул повгорно одбележаа премиера, овој пат на Superman Returns. Возачите Дејвид Култхард, Кристијан Клиен и Роберт Дорнбос носеа посебни супермен облеки како дел од настанот, а болидот ги имаше исцртано стомачните на супермен на носот.

 © Red Bull Content Pool / Getty Images

БРАЗИЛ 2008: Wings for Life

Во 2008 година за време на Бразилското Гранд При, Ред Бул ги промени боите за добротворна цел. Дизајнот беше доминантно бел за промоција на фондацијата за истражување Wings for Life сопственост на Дитрих Матешич/

Четири години подоцна, поточно во 2012 година, Ред Бул повторно имаше Wings for Life шари со илјадници слики од луѓе кои донирале за фондацијата.

 © Red Bull Content Pool / Getty images

ХЕРЕЗ (предсезонски тест), 2015: Camouflage

За време на предсезонскиот тест во 2015 година кој се возеше на шпански Херез, Ред Бул користеа камуфлирани шари налик на зебра со цел да го скријат дизајнот на болидот. Но, се вратија на традиционалните бои за првата трка.

 © Red Bull Content Pool / Getty Images

ПРОМОЦИЈА НА БОЛИД, 2019: Arty graphics

Промоцијата на РБ15 во пресрет на 2019 година беше во силни сино-црвени детали на болидот, уметнички шари со традиционалниот бик на поклопецот на моторот. На фановите им се допаднаа тие шари, но тимот не ги задржа.

 © Red Bull Content Pool / Getty Images

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ