Пиастри гледа инспирација во Астон

Иако немаше добар старт на сезоната, австалијанецот Оскар Пиастри се надева дека формата на Мекларен ќе се поправи и тие ќе одат напред. 

Во моментов Мекларен нема освоено ниту еден поен, единствени со такво “достигнување“ заедно со АлгаТаури.

Очигледно дека не сме таму каде што сакаме да бидеме, Но најважно е што стекнувам искуство и тоа ми е важно во моментов.

Квалификациите се добри, но штета е што на трка не сме толку добри. Извртев 49 кругови на тврдите гуми за да ги учиме истите, Но мора да покажеме резултат.

Развојната програма е тука и треба да ги “бркаме“ Ред Бул, Ферари, Мерцедес и Астон Мартин. тешко е да се биде на нивно ниво. Можеби треба да ги видиме Астон Мартин и работата што ја завршија за да одат напред – посочи пиастри. 

Минатата година Астон завршија на седма позиција со 55 поени, но оваа сезона започнаа со два подиума.

Очигледно дека работеле напорно, но јас се надевам на надградба за Баку на крајот на април. Се надевам дека тоа ќе биде прв од многуте чекори оваа сезона. Наредната трка ми е домашна и се надевам на убаво искуство. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ