Пиастри задоволен од дебито во Мекларен

Младиот австралијанец Оскар Пиастри изјави дека неговото деби во Формула 1 со Мекларен било доста посебно.

Тој наредната година ќе вози за Мекларен откако дојде како замена за Даниел Рикардо. Долго се чекаше за неговото деби бидејќи имаше проблеми со поранешниот тим Алпин чив јуниор беше изминатите години. Тој извозе 123 кругови што е најмногу од сите како подготовка за првата сезона. 

Имав извонредно чувство, но доста различно од тоа со Алпин. Знаев дека ќе дојде тој ден да се забавувам во Формула 1 и да се подготвувам за првата сезона.

Ова ми беше прв ден со Мекларен и ги запознавав сите во тимот за да бидам побрз наредната сезона – посочи оскар.

Најбрзиот круг на Пиастри го постави на 14та позиција на тестот. За него поставените времиња не се важни бидејќи се приспособувал на новата околина. 

Времињата се безвредни сега. Најважно беше да ги запознаам инженерите и механичарите во тимот. Има многу нови имиња што мора да ги запомнам. Најважно е да учиме и дадов се од себе денеска. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ