Пиастри имал тест во Катар

Оскар Пиастри имал дводневен Формула 1 тест во Катар, возејќи го ланскиот болид на Алпин за да стекне што повеќе искуство и мине повеќе километри. 

Австралијанецот се согласи на интензивна тест програма со Алпин како дел од неговата улога на резервен возач. Тој е резервен возач и на Мекларен откако се договорија со Алпин да ги поделат улогите. Пиастри е долги години поврзан со Алпин и Рено и освои две титули во Формула 3 и Формула 2 во 2020 и 2021 година. 

Имав доста продуктивни два дена во Катар каде возев со Алпин А521. Беше доста топло и потребна беше силна физичка подготовка. Требаше да се навикнам на различното ниво на грип и променливото ветровито време.

Тоа е доста предизвикувачко бидејќи мора да се научам да возам во различни временски услови. Сега одам со тимот во Барселона и Монако пред мојот следен приватен тест ден во Јуни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ