Пиастри не жали што минал во Мекларен

Оскар Пиастри демантираше дека жали што контроверзно го напуштил Алпин во корист на Мекларен за оваа година поради очаните перформанси на “портокаловите“.

Австралијанецот беше прв возач годинава кој се повлече од трка во 13от круг од Бахреинското Гранд При поради проблем со својот Мекларен болид, а проблеми имаше и неговиот колега, Ландо Норис, кој мораше дури 6 пати да влезе во боксот. И покрај лошиот квалитет, Мекларен се задоволни од својот ритам кој сметаат дека можел да ги стави во позиција за поени откако немаа оптимистички очекувања по предсезонските тестови.

Сосема спротивно, Алпин со Пјер Гасли тргнаа од последно место на гридот и звршија до поени со 9та позиција, така што веднаш почнаа “боцкањата“ за Пиастри.Но, Ф2 и Ф3 првакот демнтираше дека се кае за трансферот и дека не минал во Вокинг поради перформанси туку поради фактот што тие го направиле да се чувствува посакувано.

одлуката кај мене не беше избор помеѓу две екипи туку желбата на мекларен да станам дел од нивата екипа, нивната страст која ја покажаа која беше огромна.

поради тоа, не сакам да гледам така на рбаотите, а фокусиран сум на она што го правиме со тимот, обидот да напредуваме и да се вратиме онаму каде што сакаме да бидеме – посочи пиастри.

Оскар вели дека е убеден и верува во планот н аМекларен со подобрена Б специфиакација на својот болид да бидат далеку посилни од Азербејџан кон крајот на следниот месец. Запрашан дали е разочаран што тимот е далеку поназад одошто лани во Август кога потпиша за нив, тој одговори:

јасно е дека не сме онаму каде што сакаме да бидеме во моментов и отворено го кажуваме тоа. но, имаме развоен план согласно кој работиме и се обоидуваме да се вратиме на вистинската патека, однос во потера по најдобрите екипи.

да се дојде на исто ниво со најдибрите е доста тешки и сите сакаме да видиме што развојниот пакет од баку ќе ни донесе. јасно е дека не ни треба еден чекор, туку повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ