Пиастри откри како било на првата трка

Младиот австралиски дебитант на Мекларен, Оскар Пиастри, откри дека тој имал интересно добредојде во Формула 1 на првата трка во Бахреин оваа сезона. 

Тој потпиша за Мекларен како замена за Даниел Рикардо кој се мачеше да се привикне на Мекларен. Но “портокаловите“ оваа сезона се поназад од тоа што се надевале. 

Се се случи пребрзо и да бидам искрен, мислам дека од возачката парада до химната и стартот се беше во неколку секунди – се присети оскар.

Сепак, по стартот, тој не бил во идеална ситуација. 

Мислам дека некој пред мене го промаши местото за старт додека јас сеуште се местев, Но сепак беше добро и беше добро како за прв пат. 

Првата трка заврши предвреме за Пиастри поради механички проблем. Во Џеда повторно имаше тешка трка додека во Австралија ги освои првите поени. Пиастри изјави кои две трки ги очекува. 

Мислам дека за мене Спа е најомилената патека на календарот. Силверстон ја сакам бидејќи е домашна на Мекларен. Имам многу омилени трки оваа сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ