Пиастри очекува незаборавно искуство на домашната трка

Овој викенд, Оскар Пиастри за прв пат ќе се трка на домашен терен како Формула 1 возач, а дебитантот на Мекларен очекува посебната атмосфера околу настанот да го направи ова искуство незаборавно.

Пиастри доживеа фрустрирачко деби во Бахреин каде грешките го чинеа место во К2, додека неговата трка беше уништена поради електричен проблем. Но, во Џеда, 21-годишниот возач влезе во К3, спротивно на неговиот тимски колега Ландо Норис, но немаше среќа на денот на трката, со контакт што го принуди да застане предвреме за промена на предното крило што ја компромитира неговата вечер.

Третата трка во Ф1 можеби ќе му овозможи на Пиастри да ужива во чиста трка, но доминантниот аспект на неговиот викенд неизбежно ќе биде неговото присуство на гридот како локален херој.

Одлично е што се упатувам кон Мелбурн на мојата домашна трка – рече младиот возач во најавата на Мекларен за Големата Награда на Австралија.

Пораснав во предградијата на градот и посебно е чувството да се враќам како Ф1 возач. Ќе биде фантастична атмосфера и едвај чекам да стигнам таму и да бидам дел од неа. Навистина со нетрпение очекувам да ја видам целата домашна публика и сите навивачи на Мекларен.

Ова ќе биде прв пат да се тркам на Алберт Парк и сигурен сум дека ќе биде искуство кое ќе го паметам. Времето овде е обично променливо, па може да биде интересно.

Обезбедувањето на стартната позиција на осмо место во моите втори квалификации во Ф1 и завршување на целосната трка беше исклучително задоволувачки во Џеда, иако не беше без проблеми.

Има долг пат да се оди оваа сезона. Ќе продолжиме да притискаме силно како тим и моето учење продолжува.

Како центар на вниманието на фановите и на локалните медиуми, Пиастри ќе се соочи со многу одвлекувања во Мелбурн. Сепак, тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, не верува дека ќе треба да го задржи својот возач настрана од случувањата.

Тој е многу мирен тип, мислам дека ќе може да се справи со сето тоа – објасни Стела.

Но, секако ќе мораме да се погрижиме тој да остане фокусиран на трките и да остане фокусиран на одржувањето на оваа исклучителна стапка на развој сесија по сесија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ