Победничкиот болид на Гасли ќе биде изложен во Мадрид

АлфаТаури AT01 управуван од Пјер Гасли за неговата прва победа во Формула 1 во Монца во 2020 година ќе биде изложен на Ф1 изложбата во Мадрид.

Болидот ќе биде прикажан во просторијата “Дизајн Лабораторија“ на изложбата на Формула 1 која официјално ќе се отвори во Шпанија следната недела. Гасли направи се додека беше во АлфаТаури за да извојува неверојатна победа во Италија, што беше само втора за тимот, откако конструкторот од Фаенца претходно победи во Монца во 2008 година со Себастијан Фетел кога беа познати како Торо Росо.

Гасли победи во трка по долг дуел со тогашниот возач на Мекларен, Карлос Саинз, во она што се претвори во битка меѓу потенцијалните први победници во Формула 1, а шасијата што го однесе французинот до победа сега ќе биде достапна за гледачката публика.

Нема ништо подобро од тоа да се нарекуваш победник на трка во Формула 1. Јас би рекол во мојот живот, ова е веројатно она што звучи најдобро од сè. Тоа беше неверојатен момент – рече Гасли.

За време на трката, штом видов како се одвиваат работите, знаев дека тоа е мојот момент. Тоа беше моето време да заблескам. Немаше шанси да дозволам таа можност да ми помине низ раце.

Мислам дека имавме 25 круга до крајот, Беа долги, но морам да кажам дека уживав во секој круг. Да се ​​има контрола над таа трка беше најдоброто чувство што сум го доживеал во Формула 1.

Целосната Ф1 изложба се отвора во IFEMA Мадрид во Петок на 24 Март, со цела низа Ф1 предмети кои ќе бидат изложени во седум различни простории, за кои организаторот на изложбата вели дека се специјално нарачани за изложбата и произведени во партнерство со наградуваните куратори, уметници и филмаџии, нудејќи единствена перспектива на извонредната приказна што е Формула 1.

Во неговиот нов тим, Гасли дебитираше за Алпин со силно возење низ гридот во Бахреин, напредувајќи од задниот дел за да заврши деветти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ