Подиумите на Астон не се доволни за Строл

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, откри дека сопственкот на тимот, милијардерот Лоренс Строл, не е целосно задоволен од својата екипа и сака повеќе откако тимот освои три подиуми на првите три трки од сезоната.

“Зелените“ финишираа на 7мо место во ланскиот конструкторски поредок, но направија огромен чекор за оваа сезона и во моментов се на 2ро место, единствно зад Ред Бул, благодарение на трите последователни подиуми на фантастичниот Фернандо Алонсо. Тимот го има најголемиот напоредок споредено со лани во однос на гридот, но амбициите на Строл се уште поголеми.

Канадскот милијардер веќе некое време прави екипа која ќе може д нападне за титула следните неколку години и не жали пари за привлекување на врвни инженери од конкурентите, а Ден Фалоус од Ред Бул беше најзначајно име кое го превземе и го направи техночки шеф. За амбициите на газдата јасно говори и новата фабрика од 200 милиони фунти, најсовреме објект во Силверстон чија реализација е при крај.

не е лесно со мисијата и целитек ои ги зацрта лоренс и тој многу често не прашува кога ќе победиме – одговори крак на прашањето како строл реагира на успесите на екипата.

јасно е дека е среќен што сме направиле толкаво подобрување, но тоа не е доволно согласно неговите амбиции. добро е што лоренс точно знае до каде сме и шро правиме, сака повеќе и ние мораме да испорачаме повеќе.

Преродбата на Астон почна лани кога имаа разочарувачки старт, но одлично напреднаа. Запрашан дали може д имаат сличен напредок и сезонава, Крак одговори:

успеавме значително да го развиеме болидот лани, така што почнавме со подобра база оваа година, но тоа значи дека нема да биде лесно како лани. мораме данапредуваме ако сакаме да останеме онаму каде што сме затоа што сите одат напред.

убеден сум дека можеме да го подобриме болидот со новините кои ги имаме планирано и ни треба само време за ефикасно да работиме. знаеме што треба да се направи и која насока да ја одбереме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ