Попов: ФИА треба да го врати Маси

Познатиот руски Формула 1 коментатор и стручен аналитичар, Алексеј Попов, смета дека наследниците на Мајкл Маси не се снаоѓаат добро во својата улога. 

Рускиот коментатор даде и свое мислење за целата ситуација. 

За сите што го критикувавте Маси кога ја прекина трката во Баку на негова иницијатива и направи рестарт за само два кругА.

Фамозниот рестарт во Абу Даби, го сврте шампионатот, но луѓето сакаат трка и Тоа е поважно од формалноситте. Вратете го Маси – краток и касен е русинот.

Маси се врати во Австралија и сега е претседател на комисијата за Суперкарс која е врвна категорија во Австралија. На негово место дојдоа Едуардо Фреитас и Нилс Витич кои се под жестоки критики за трката на Монца, а ниту Жак Вилнев не ги поштеди нив.

Мислам дека е тажно за илјадници фанови кои купиле скапи карти. Сакаа добра трка и финиш. Ние сакавме повеќе, но не добивме.

Лошо се изменаџира трката која никогаш не треба да заврши зад безбедносно возило. Треба да се извади црвено знаме и да се сопре. Имаше доволно време. Не знам дали намерно прават грешки. 

Русинот Попов се согласува дека директорот на трката е парализиран поради контроверзата од Абу Даби и мора да ги следи правилата до најмала буква. 

Ќе беше чудно да се случи друго нешто. Заглавија во сопствена грешка, Го отстранија Маси зошто не ги следел правилата и прават чудни работи. Мора да бидат флексибилни. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ