Поради новите делови, Астон Мартин имаат проблем со ладењето на болидот

Техничкиот шеф на Астон Мартин, Ендру Грин призна дека проблем со ладењето ја намалил брзината на нивниот надграден АМР22. 

Како дел од огромните аеро промени на болидот, тимот одлучи да направи ново ладење кое не се справи со големите температури во Барселона. Тимовите мораа да ги отвараат болидите за да го засилат ладењето со што се зголемува отпорот и се намалува брзината на правците. 

Себадтијан Фетел и Ленс Строл се квалифкуваа на 16та и 18та позиција и немаат големи шанси да напредуваат. Грин објасни дека тимот сеуште треба да ги разбере промените. 

Има многу оптимизации кои треба да се направат. Ова е целосно нов болид и треба да направиме неколку конфигурации за да видиме како работи најубаво. Мислам дека температурите ни направија проблем. Моравме да донесеме одлука за ладењето пред Еден медец, Но сепак тоа не ни помогна и трката е загрозена.

Секако не го покажавме потенцијалот. Сепак ова е нов болид и прв пат е на патека. 

Грин објасни дека Фетел и Строл се мачеле со управувањето на квалифиакциите. 

Двајцата имаа надуправување. Кога тоа се случува се уништуваат гумите и страдаш во сите сектори, Но ќе се поправиме.

Научивме доста и имаме со што да работиме. Ова е нов болид и надградбите доаѓаат. Има работа за инженерите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ