Поради Формула 2, Жу е навикнат на потскокнувањето

Возачот на Алфа Ромео, Гуанју Жу, изјави дека е навикнат на болидите да потскокнуваат уште од Формула 2. 

Тој е најновиот возач во Формула 1 кој дојде по три сезони во Формула 2. Новите болиди имаат проблем со потскокнувањето на правците и тоа е физички феномен со кој тимовите треба да се справат и да го елиминираат. 

Нашиот болид многу напредуваше од првиот ден со новите правила. Мислам дека е нормално да страда повеќе кога ДРС не е отворен на правците, но сепак потскокнувањето е нормално за мене. Навикнат сум од Формула 2 каде тоа беше нормално.

сепак, не е фино искуство при голема брзина. Можеби ќе биде лошо на нерамни патеки како Монако каде видливоста ќе биде помала од минатата година, Но сеуште е рано да се каже и сите бараат начин да се справат со тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ