Потврдени Муџело и Сочи

Сепктакуларниот италијански Муџело за прв пат во својата историја ќе организира Формула 1 трка овој Септември, Тосканско Гранд При, а и Руското Гранд При во Сочи исто така доби потврда да организација годинава.

Муџело е автодром во сопственост на Ферари, а Гранд При викендот ќе биде организиран од 11 до 13 Септември, една недела по Италијанското Гранд При во Монца. Трката на многу начини ќе биде прослава затоа што ќе биде 1.000 Гранд При за Скудерија Ферари во Формула 1.

Патеката е редовно дел од МотоГП календарот и ќе биде четврти италијански автодром по Монца, Имола и Пескара која ќе се појави во Формула 1 календарот и ќе организира трка. Формула 1 болидите во минатото имаат тестови на неа, а последен пат Фетел и Леклер возеа две години старо Ферари во месец Јуни и беа полни со пофалби. Официјалното име на трката ќе биде Голема награда на Тоскана Ферари 1000 (FORMULA 1 GRAN PREMIO DELLA TOSCANA FERRARI 1000 2020 Mugello (Italy).

Две недели по трката во Муџело, Формула 1 циркусот ќе се пресели во Русија за Гранд При низ улиците на Олимписко Сочи. Со тоа Формула 1 во моментов има 10 потврдени трки, а се очекува повеќе во периодот кој следи за да се дојде до најавените 15-18 настани.

сакаме да им се заблагодриме на промотерите, националните власти, тимовите и фиа за нивната вредна работа за да се одржат овие трки. знаеме дека нашите фанови ќе бидат воодишевени што сочи по седми пат ќе организира трка, но и затоа што формула 1 за прв пат ќе вози на муџело.

воодушевени сме што можеме да кажеме дека муџело и сочи се дел од овогодишниот календар и сакаме да им се заблагодриме на нашите партнери за поддршката во последно време.

имавме фантастичен почеток на сезоната во австрија минатата недела и веруваме цврство во нашите планови за комплетирање и на остатокот од сезоната.

руското гранд при е голем момент од нашата сезона и нетрпеливи сме повторно да се вратиме во сочи во септември. возбудени сме што за прв пат ќе се вози во муџело за да се одбележи 1000та трка на скудерија ферари. двете трки се голем поттик за нас, а во периодот кој следува ќе потврдиме уште – најави чејс кери, првиот човек на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ