Потврден последниот спринт во Бразил

На трката за Големата награда на Бразил оваа година, ќе се одржат третите и последни спринт квалификаци оваа сезона. 

Новиот концепт на Формула 1 е со една тренинг сесија и спринт квалификациска трка во Сабота на која се одредува гридот за неделната трка. Последната проба на спринт трка првенствено требаше да се одржи на трката во Канада откако првиот спринт во Британија се покажа како успешен, а Монца веќе е потврдена за втор тест. 

Стефано Доменикали потврди дека првиот настан се покажал како успешен. 

Кога зборуваме за спринт квалификации, тие се покажаа како успешни и понудија различна идеа за сите вмешани во спортот.

Сакавме да тестираме оваа година. Првиот беше на Силверстон, вториот на Монца и третиот ќе биде во Бразил. По тестот ќе знаеме кој е следниот чекор.

На крајот на сезоната ќе направиме евалуација и ќе направиме план за иднината. Го развиваме форматот и ги прифаќаме забелешките. Предлогот беше голем чекор напред за иднината на Формула 1. 

Потенцијален проблем за трката во Бразил е ситуацијата со Ковид-19. 

Доколку се прифати барањето, ние сме подготвени да ја организираме трката бидејќи тоа носи голем приход во градот. Приходите растат за 25% и стигнуваат до 140 милиони од продажба на билети и приходи во градот – велат организаторите. 

Бразилците ги отфрлија шансите дека трката може да биде откажана. 

Немаме такви очекувања. разговарав со Доменикали и нема таква опција, Само доколку има нешто неочекувано. Важно е да се носи маски и да се мери температура на сите вмешани во настанот. Останува да ја потврдиме датата – изјави гувернерот на Сао Паоло. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ