Почина Макс Мозли, поранешниот Претседател на ФИА

Поранешниот Претседател на ФИА, Макс Мозли, своевремено најмоќниот човек во моторспортот почина на возраст од 81 година.

Британецот ја предводеше Федерацијата од 1993 година до 2009 година откако претходно работел како шанкер, аматерски возач и на крајот освновач и со-сопственик на Марч Инженеринт.

Мозли е роден во 1940 година, син на фашистичкиот политичар Сер Освалд Мозли и Леди Диана Мозли. Откако завршил за адвокат, станал аматерски тркач, а има и Формула 2 трка на Хокенхајм во 1968 година во која Џим Кларк го загуби животот.

Од возењето се откажа следната 1969 година и го основа Марч Инженеринг кои тоа време станаа најпознатиот производител на тркачки автомобили. Во тој период станал правен консултант на Асоцијацијата на Формула 1 конструктори (ФОКА) и помогна во составувањето на Конкорд договорот. Во 1986 година беше избран за претседател на ФИСА Комисијата на производители.

ФИА го превзема моторспортот и тркањето, а тој стана нејзин прв човек во 1993 година откако Жан Мари Балестре се повлече. Мозли почна силно да притиска на подобрување на безбедносните стандарди за секојдневните автомобили, а слично беше и со Формула 1 особено по смртта на Раценбергер и Сена во 1994 година.

Воведе ригорозни стандарди за краш тестови кои беа клучни во поставување и промовирање на ЕУРО НКАП што денеска е стандард.

Во Формула 1 водеше промени за побезбедни болиди како низ намалување на перформансите така и преку подобрени краш тестови и направи како ХАНС. Беше повторно избран за шеф на ФИА во 1997 година, 2001 година и 2005 година.

Мозли беше многу блисок со Берни Еклстон и имаа силна соработка против производителите и екипите кои сакаа да го контролираат спортот. Беше дел од одлуката Формула 1 да се трка во 2005 година во Америка иако Мишелин се повлекоа од безбедносни причини.

Во негово време се случи и Спајгејт скандалот на Мекларен во 2007 година каде Мозли беше ригорозен. Неговата кариера во ФИА заврши во 2008 година кога британски таблоид објави содржина од неговиот сексуален живот.

Иако на суд го доби таблоидот кој ја уништил неговата приватност, сепак не доби повторна доверба од ФИА на изборите во 2009 година, а наскоро ќе биде објавен и документарец за неговиот живот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ