По возбудата во Абу Даби, Монтоја очекува многу нови Ф1 фанови

Поранешниот Формула 1 возач и победник на трки, Хуан Пабло Монтоја, верува дека драматичниот крај на сезоната во Абу Даби ќе донесе многу нови фанови во спортот.

мислам дека контролата на трка се обиде да приреди добро шоу на фановите на крајот, а оние кои не ја следат внимателано формула 1 видоа луда трка и одличен крај на сезоната. мислам дека спортот ќе добие многу нови фанови само поради таа трка, а на крајот на денот, тоа е големата слика, ќе има повеќе луѓе кои ќе го следат спортот, тоа е многу важно – посочи монтоја.

Но, колумбиецот смета дека начинот на кој се носени одлуките во спортот, може да донесе загриженост кај оние кои учествуваат во тркањето.

ако сте вклучени во формула 1 или сте возач, тогаш сигурно ќе имате многу прашања. сите возачи имаат прашања околу тоа што се случило, зошто само дел од претекнатите биле пропуштени, дали се на правила позиција и така натаму…

го уништија шоуто на крајот од трката, а не требаше да биде така. ред бул беа најприсебни и го искористија тоа, одработеа одлично.

Во врска со новите правила кои ќе стапат на сила следната година, каде претпоставките е дека болидите ќе останат речиси исти по брзина, но ќе имаат целосно нов дизајн кој треба да овозможи повеќе претекнување, тој изјави:

со новите дизајни и новите тркала, болидите ќе изгледааат неверојатно и сит еочекуваат да се тркаат исто така подобро. ако тоа се случи, ќе имаме неверојатно првенство. ако болидите успеат да се следат поблсику едни до други со новит еправила, возбудата ќе биде огромна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ