По кинеските милиони, акциите на Астон значително пораснаа

На Формула 1 тимот на Астон Мартин одлично му оди на патекат, но и на берза откако неделава забележаа значителен пораст на цената на нивната акција.

Само во четврток, цената на акцијата на производителот на автомобили порасна за 22% откако ден пртходно најавија инвестиција од 234 милиони фунти од кинескиот гигант Гили со која тие ќе станат трет најголем акционер во компанијата. Гили ќе се стекне со 42 милиони обични акции кои ќе им ги продаде компанијатана Лоренс Строл, Yew Tree, кои остануваат најголем акционер, а ќе има и дополнителна емисија на акции. Оваа трансакција ќе донесе свежи 95 милиони фунти во компанијата.

За еден век старата компанија која дури седум пати во својата историја банкротираше, а е препозналива по филмовите за тајниот агент Џејмс Бонд, готовината ќе биде добра можност за намалување на долгот.

Кинески Гили има во своето портфолио повеќе брендови, вклучително и британскиот спортски бренд Лотус, потоа Зеекр, шведски Волво и заедничката инвестиција со швеѓаните, електричниот Полстар, а од Септември лани имаат и 7,6% удел во Ф1 тимот на Астон. Со оваа инвестиција, Гили се стекна со вкупен удел од 17% во компанијата и едно место во Бордот, така што се трет сопственик зад Лоренс Строл и пребогатиот саудиски ПИФ фонд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ