По откажувањето од Холандија, можна казна за Ботас

Валтери Ботас имаше несреќно откажување во последниот дел од Холандското Гранд При, а тоа само по себе може да значи и казна на претсојната трка за Големата награда на ИТалија.

Втора трка по ред финецот испаѓа уште во првиот квалификациски семгент, но одличниот тркачки ритам на Алфа Ромео го ставаат во комбинација за пасман во поени на трка. Сепак, на 15 кругови пред карираното знаме на Зандворт, неговиот мотор откажа и тој се паркираше на правецот, носејќи безбендосно возило.

беше тешка трка иако охрабрувачки е тоа што ритамот на трка беше подобар од оној на квалификации. мислам дека ќе беше предизвик да дојдеме до поени, но барем силно се боревме да стигнеме до таму – посочи ботас.

Последните 6 трки Валтери нема топ 10 пласман, главно поради техничките проблеми со болидот, но на Зандворт имаше силни перформанси, иако на крајот мораше да заврши пред време.

имавме технички проблем кој веројатно доаѓа од моторот, но немам потврда за тоа, сепак не е добро. беше добро се додека на правецот почнав да губам моќ и да слушам чудни звуци, а видов и пламен на ретровизорите по што знаев дека е крај. веројатно моторот е загубен – разочаран е валтери.

Губење на мотор значи големи проблеми за него затоа што ќе треба да земе нов, секако со казна, иако сеуште се чека официјана потврда за тоа.

викендов е домашна трка за тимот поради нашиот партнер алфа ромео, што значи дека е посебно за сите нас. за секој возач монца е иконска, историка и посебна патека од календарот, а јас уживав секоја моја мината трка овдека. имам подиуми од монца, а самиот подиум е еден од најимпресивните во светот.

атмосферата е неверојатна, а да се има чест да се стои на истиот е неописливо. се надевам дека ќе имам подобра трка овој викенд и ќе завршам во поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ