По оштетувањето, Хулкенберг премногу ги трошел гумите

Нико Хулкенберг истакна дека премногу ги трошел гумите откако се здоби со оштетување на болидот на почетокот на трката за Големата Награда на Бахреин.

Хулкенберг, кој покажа ветувачко темпо за време на тренинзите, се квалификуваше во првите 10 по неговото целосно враќање во Формула 1 на неговиот прв настап за Хаас. Германецот имаше бавен старт на трката во неделата, загуби позиции, а исто така имаше мал контакт што резултираше со оштетување на предното крило.

Германецот не успеа достојно да конкурира за првите 10 места потоа и на крајот се пласираше на 15та позиција.

Тоа беше незгодна трка, особено првата половина – рече Хулкенберг.

Имав контакт со некој во првиот круг што навистина не го забележав, па тоа беше малку фрустрирачко. Ми недостигаше многу од предното крило и изгубив многу оптоварување и грип со тоа, а тоа ја направи првата половина од трката многу тешка.

Се обидовме да се одржиме таму, но јас ги трошев моите гуми премногу, па решивме дека нема смисла да продолжиме така и влеговме во бокс за ново предно крило.

Ние извозевме цела трка и добивме многу добри информации, така што дефинитивно ќе го искористиме тоа.

Кевин Магнусен, кој беше елиминиран во К1 во саботата, надомести позиции за да заврши на 13то место, иако резултатите значеа дека Хаас пропушти да освои поени.

Бев пријатно изненаден од нашето темпо на трката. Започнавме од 17то место, но сепак освоивме неколку позиции и се чинеше дека темпото е во ред во однос на тоа од каде дојдовме.

Мислам дека се мачевме многу на тестирањето и во петокот со абење на гумите и во трката се чинеше дека направивме чекор напред, што е позитивно. Тоа не беше викенд за кој сонувавме, но научивме многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ