По проблемите со Рич Енерџи и Уралкали, Хаас не брзаат со нови спонзори

Гунтер Стаинер откри дека екипата на Хаас не брза со наоѓање на нов голем спонзор за својот Формула 1 тим затоа што не сакаат да им се случи нешто по што ќе зажалат.

Медиумите пренесоа дека тимот го одбил барањето да им се вратат назад платените пари од Уралкали откако му го раскинаа договорот на рускиот хемиски гигант поради инвазијата на Русија на Украина. Руската компанија ги бараше платените 13 милиони долари од Хаас, но сега тимот има контра барање да му се исплатат 8 милиони долат на име на загубен профит. Стаинер не сака да коментиран ишто околу ова, велејќи дека спорот треба да се остави на судството и правните тимови.

Гунтер најави дека има интерес од потенцијални спонзори по празнината која ја остави Уралкали, но не сака да брза со нов договор.

имаме движење, имаме интерес, но не сакам веднаш да правам нешто, одием полека, имаме време да направиме темелна анализа и да донесеме добра одлука. во моментов сме безбедни и немаме потреба и притисок да брзме. нема потреба да избрзуваме со нешто за што ќе зажалиме за половина година – посочи гунтер.

Пред периодот кога Уралкали беше главен спонзор на тимот, амриканците имаа катастрофална соработка со британски Рич Енерџи кој беше главен спонзор 14 трки, а договорот го раскина компанијата за производство на енергетски пијалоци поради лоши перформанси од страна на тимот.

Запрашан дали тоа што им се случи со Уралкали и Рич Енерџи ги прави да бидат повнимателни и претпзливи во иднина, Стаинер изјави:

јасно е дека живееме и учиме.

Тој посочи дека ако постои сериозен интерес од некој голем спонзор, нема потреба да се брза затоа што не се во прашање само финансиите.

го чекаме најдобриот пакет затоа што се работи за комбинација од повече работи. најдобра понуда, најдобар спонзор, а не нешто што ќе го почнете денеска, а ќе го раскинете за шест месеци.

за договор е потребно многу време и понекогаш е подобро да одите чекор по чекор, да одите полека со цел да не згрешите, затоа што ако некој навистина е посветен на вас, ќе биде и за шест месеци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ