По тренингот со Хаас, Џовинаци сака да се врати на гридот

Антониот Џовинаци останува возбуден за враќање на Формула 1 гридот догодина откако во Петок ја одработе првата 60-минут тренинга сесија со американски Хаас.

Согласно договорот со Ферари, освен еден час возење на Монца, италијанецот ќе добие и петочна сесија на Американското Гранд При. Тој се поврзува со враќање на гридот догодина откако го загуби местото во Формула 1 на крајот на минатата сезона.

28-годишникот го заврши тренингот во Монца на 18то место со 4 десетинки послабо време од редовниот возач, Кевин Магнусен.

одлично е чувството да се вратам на гридот со овие нови правила, со целосно новите болиди и новите гуми, се е ново и се мина одлично споредено со кевин.

имав одличен почеток и им благодарам на хаас и ферари за можност да возам повторно на гранд при викенд, така што станв многу нетрпелив за остин, различна патека која бара голема потисна сила – вели џовинаци.

На крајот на сезонава без договор останува Мик Шумахер, така што Антонио е во борба за местото во тимот.

сакам да се тркам догодина, не е тајна, но не е во мои раце. да видиме што можам да направам, фокусирам сум на одработување на мојата работа во двете сесии кои ги добив, една заврши, останува уште една.

видовме дека годинава има големи поместувања помешу возачите и навистина не знам што ќе се случи до крајот. се надевам дека ќе имам повеќе информации до остин.

Тренингот на Монца му го донесе на Џовинаци првото реално искуство во болиди од последната генерација, по што тој воочи значителна разлика во перформанси на правците споредено со лани.

најголема разлика која ја воочиб беше потскокнувањето на правците, нешто сосема ново за мене. првиот дел од сесијата се мачев да ја најдам точката на сопирање, но треба адаптација, така што стануваше се подобро, а на остин ќе биде уште подобро.

лудо е колку потисна сила имаат овие нови болиди при летечки кривини, тешко е да се види поради природата на паеката, така што во остин ќе биде лудило.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ