Предноста на Ред Бул е во бавните и средните кривини

Ред Бул иаа најсилен тркачки и квалификациски ритам, а “биковите“ предноста ја прават во средните и бавните кривини.

Според податоците од Формула 1, при минување во бавните кривини, Ферари губи 2 десетинки во однос на Ред Бул, Мерцедес над 6, додека Вилијамс губат речиси секунда.

Анализата на средните кривини вели дека РБ18 е повторно најбрз, а Скудерија губи четири десетинки, една помалку од Мерцедес. Најбавни и во тој дел Вилијамс, а бавно минува и Хаас.

Летечките кривини му припаѓаат на Ферари и нивниот Ф1-75 е најбрз во брзите свиоци, но предноста е минимална во однос на Ред Бул. Интересно, тука најмногу губат Алфа Ромео и конструкторските прваци Мерцедес.

Правците се силна страна на Ферари и на Мекларен подеднакво, потоа следува Вилијамс чии добри квалификациски перформанси се должат токму на брзината на правците, а побрз од Ред Бул се и Мерцедес. На правите делови кои во Спа ги има многу, најбавни се Хаас и АлфаТаури.

Car Performance FP2.png

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ