Предпазливите Италијанци не сакаат повторување на Мелбурн

Италијанскио автомобилски клуб АЦИ ја предупреди Формула 1 дека не може веќе да си дозволат да прават грешки откажувајќи трки во последен момент како што беше случајот со Австралиското Гранд При.

Во Март требаше да биде отворањето на сезонат во Мелбурн, но беше откажано на само два часа пред почеток на првата сесија во Петок откако имаше позитивен тест на Ковид-19 кај член на Мекалрен, по што мнозинството донесе иста одлука. Доцната одлука за откажување на трката донесе полно луѓе пред вратите на Алберт Парк кои беа незадоволни од тоа што се случи.

Одтогаш дури осум трки се откажаа или одложија, а веројатно Франција и Белгија кои се први трки од календарот кои сеуште не се одложени ќе ја дочекаат истата судбина и нема да се возат летово.

АЦИ се промотери на Италијанското Гранд При во Монца кое годинава е закажано за 6 Септември и сметаат дека сценарио слично на Мелбурн ќе биде катастрофално за спортот.

повеќе не смеат да се дозволат грешки како австралија кога трката беше откажана со публика присутна на патеката. тоа беше многу лошо за сите од либерти медиа и тимовите до локалната власт и организацијата. да се почне одново и потоа да се прекине би било катастрофално – смета анџело стичи дамиани, претседателот на аци за Gazzetta dello Sport.

Монца е стационирана во Северна Италија односно во регионот Ломбардија кој е најмногу погоден од пандемијата во цела Европа и е под засилени мерки на изолација. Кризата нема надеж дека наскоро ќе заврши поради што Дамиани ги предупрадува челниците на спортот да останат внимателни.

минуваме низ период полн со несигурност и во моментов мора да бидеме претпазливи и да внимаваме на се. приоритет е да се разбере каква е ситуацијата во земјите кои органиираат трки како и во италија и британија од каде доаѓаат најголем број од луѓето во падокот.

Штом се донесе одлука за почеток на сезоната, Дамиани смета дека тимовите во рок од два месеци би биле подготвени за натпревар, иако во моментов согласно правилата треба да бидат известени 90 денови пред трката, по што и Монца е под знак прашалник.

екипите бараат 90 денови претходно известување а почеток на сеоната, така што рокот во јули е премногу рано. можеби екипите ќе го променат својот став и ќе се согласат на известување од 60 денови претходно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ