Пред закосената кривина, Браун не верувал во Зандворт

Оперативниот шеф на спортот, Рос Браун, призна дека се сомневал дали Зандворт ќе биде добра патека за Формула 1 трка пред да се додаде накосената кривина која дефинитивно ќе биде еден од најатрактивните делови на Формула 1 календарот.

Со цел да се зголеми бројот на претекнувања, организаторите решија последниот свиок пред главниот правец да биде накосен за дури 18 степени, што е двојно поголем агол од легендарниот Индијанаполис.

Идејата на организаторите во реалност била преточена благодарение на многуте симулации направени од шефот за перформанси на болиди во Формула 1, Крег Вилсон.

направивме симулации и добро ги проучивме, потоа се обративме до организаторите им им кажавме кое ниво на накосеност треба да го постигнат. анализиравме две методи, едниот за стабилноста на болидот, а другиот за загубата во аеродинамички перформанси и се чини дека болиди нема да имаат никакви проблеми.

потоа тема стана дали физички ќе може да се изведе нешто такво, а момцит ево зандворт веднаш почнаа со реализација, зборуваа со некои луѓе, се вратија и ни кажаа дека тоа може да биде изведено и ќе биде многу интересно – се присетува на процесот браун.

Кога прв пат “на маса“ била ставена идејата за тркање во холандкси Зандворт, Рос бил скептичен дека карактеристиките на патеката ќе донесат интересна трка, но по уникатното решение на последната кривина, решение со која истата се претвора во правец, тој е убеден дека ќе биде интересно.

бев загрижен како да направиме добра тркачка патека се додека не се изгради. имаме правец со пристојна големина, а во пресрет на последната кривина и првата кривина од кругот ќе биде биде многу возбудливо. публика сигурен сум дека ќе има доволно.

Во 2005 година закосениот последен свиок на Индијанаполис донесе огромни проблеми за тимовите кои возеа Мишелин затоа што производителот на гуми не гарантираше безбедност и издржливост на својот производ при минување во тој дел од патеката. Некои сметаат дека таа ситуација може да се повтори, но Росе убедува дека се направени доволно симулации со Пирели за тоа да не се повтори.

накривениот дел ќе биде многу возбудлив иако гледам дека некои се загрижени за евентуални проблеми слични на оние во америак пред 15 години. таму имаше накосена патека, но проблемот беше многу поголем од тоа. во зандворт нема да има никакви проблеми.

пирели ги направи сите симулации, тие се едиствен доставувач со гуми и постои можност да се вози со различен притисок на гуми за да се избегнат проблеми. не очекуваме никакви проблеми, бројките од симулациите го покажуваат тоа дека ќе биде само возбудливо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ