Присуството на Нико го забрзува напредокот на Хаас

Во Хаас се полни со пофалби за нивниот нов возач, Нико Хулкенберг, и сметаат дека со неговото пристигнување во екипата се забрзал развојот.

Ветеранот Хулкенберг се врати во падокот годинава како замена за Мик Шумахер откако последните три години ги мина како резерва во Астон Мартин и Претходно Рејсинг Поинт. Во моментов американски Хаас се на 7мо место во шампионатот откако најголем дел од поените им ги донесе токму Нико на хаотичното Австралиско Гранд При.

нико го донесе точно она што го баравме. од тестирањето во абу даби ни беше јасно дека тој одлично може да го почувствува болидот и дава многу точни повратни информации, смирен е и многу ретко греши.

дури и кога работите не се идеални, тој е смирен во болидот, дава повратни информации, ги држи инженерите будни, а во исто време се фокусира на својата работа.

со секое возење дава куп податоци, секогаш коментира за се што ќе почувствува во болидот на начин на кој инженерите одлично го разбираат. прецизен е во однос на тоа што сака во развојот и сетирањето, а и кевин има корист од тоа.

не бевме добри во монако, на пример, но ако се споредат перформансите на двајцата возачи, тие беа блиску на секоја сесија затоа што учат еден од друг, но имаат различни ограничувања и си помагаат. тие ги поставуваат темелите на болидот и јасни се во тоа што сакаат да се подобри, а точно тоа ни треба – откри ајао коматсу, главниот инженер на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ