Присуството на Хед ќе го среди Вилијамс, смета Расел

Џорџ Расел верува дека враќањето на Сер Патрки Хед во тимот како технички консултат ќе помогне за враќање на тимот кон старите патеки.

Вилијамс потврдија дека Патрик Хед ќе се врати како технички консултат од трката во Бахреин, како подршка на моменталиот инжинерски тим, по катастрофалниот старт на 2019 година, а како продолжение на очјано лошата 2018 година.

Откако не се појавија на денот за снимање пред предсезонските тестови, Вилијамс не присуствуваа ни на три дена од тестот во Шпанија поради доцнење со производството на болидот.

На втората петочна сесија во Бахреин, Расел заостануваше три секунди зад водечкиот Себастијан Фетел, неговиот колега четири секунди зад германецот, британецот е оптимист дека со враќањето на Хед работите ќе се поправат.

Мислам дека ќе биде одлично. ТОј доаѓа како поддршка и нема да биде цело време туку неговото присуство и силен карактер е тоа што ни треба во моментов. Мислам дека со неговото искуство и историја во ВИлијамс е тоа што треба за мотивација на тимот – смета џорџ.

Вилијамс сеуште нема технички шеф откако Пади Лоув од приватни причини зема неплатен одмор, а поранешниот инжинер Боб Смедли го напушти тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ