Проблеми со тимско радио довеле до двојна казна за Жу

Од Алфа Ромео велат дека проблемот со радио комуникацијата довел до промена на болидот на Гуанју Жу, што резултирало со двојна казна на возачот на Алфа Ромео во Саудиска Арабија.

Тркајќи се на патеката Џеда Корниш во неделата вечер, Жу доби казна од пет секунди кога го престигна Алекс Албон надвор од патеката додека двајцата се бореа за 15то место. Кинескиот дебитант влезе да ја отслужи кога го направи својот прв пит-стоп, но неколку минути подоцна се покажа дека имал уште една казна, овој пат поради грешка, бидејќи не ја одслужил првата казна. Всушност, кога застанал, механичарот кој го крева болидот го подигнал пред дозволеното време, а потоа тимот чекал пет секунди.

Шефот за инженеринг во Алфа Ромео, Пујолар, објасни дека одлуката на тимот била за двоен питстоп прво со Валтери Ботас, а потоа и со Гуанју Жу, што довело до момент на погрешна комуникација.

Направивме двоен пит-стоп и имавме проблем со радио комуникацијата таму.

механичаот го допре болидот затоа што тоа го правиме со две дигалки. Главниот приклучок отиде на првиот болид, а вториот имаше проблем со радио комуникацијата.

Тој со предната дигална не беше свесен дека тоа е казна од пет секунди. Затоа го допре болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ