Промените на подот ќе ги забават болидите за половина секунда

Формула 1 екипите ќе загубат околу половина секунда по круг сезонава, споредено со лани, поради промените во подот кои се насочени кон намалување на феноменот на потскокнување.

Голем дел од екипите имаа проблем со потскокнувањето минатата сезона, така што ФИА се реши за се вмеша со цел да го анулира поради тоа што се сметаше дека е опасно. Се воведе мерење на аеродинамичките осцилации кои не требаше да бидат надминати, а промените за престојната година ќе бидат поголеми.

Ивиците на подот треба да биде подигнат за 15 милиметри што треба да ги откаже екипите од намерата буквално да ги залепат болидите за асфалтот, мала висина која беше виновна за појавување на потскокнувањето. 

Николас Томбазис, техничкиот шеф за отворените едноседи, е сигурен дека промените на правилата ќе донесат губиток на перформанси, но тоа нема да биде големо.

немам сомнеж дека ја направивме вистинската работа. се обидовме да најдеме прагматично и краткорочно решение кое секако дека нема комплетно да го исклучи потскокнувањето, туку ќе го направи подносливо – посочи инженерот.

Запрашан кои се неговите очекувања околу потисната сила која екипите ќе ја загубат, тој одговори.

не премногу, мислам дека ќе загубат околу 15 до 20 поени потисна сила што веројатно ќе ги чини не повеќе од половина секунда побавен круг, но со текот на развојот, веројатно тоа ќе се анулира.

Дел од екипите беа комплетно изненадени од феноменот на потскокнување годинава, а Томбазис посочува дека никој не очекувал тој проблем да биде толку силно изразен.

потскокнувањето ги изненади сите. чув некои коментари од луѓето со големо искуство во спортот, но реалноста е дека никој не можеше тој феномен точно да го предвиди.

но, штом проблемот стана видлив и инженерите работеа за да го разберат, го измеривме и квантифициравме, а во меѓувреме многу научивме за него. да, проблемот беше огромен, особено во баку.

Иако екипите и ФИА имаат далеку поголемо разбирање за проблемот, Томбазис посочи дека не очекува истиот да исчезне.

мислам дека ќе биде драстично намален по проблемите, но колку точно, не знаеме. сепак, потскокнување дефинитивно ќе постои.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ